Линкови за пристапност

Почина режисерот Бернардо Бертолучи


Бертолучи е најпознат по филмот „Последното танго во Париз“, во кој главната акерка рече дека се почуствувала силувана во контроверзна секс сцена

На 77 годишна возраст, денеска наутро во својот дом во Рим почина италијанскиот режисер Бернардо Бертолучи.

Забавниот неделен магазин Вариете објави дека режисерот боледувал од рак.

Бертолучи се стекна со светска слава со филмовите „Последниот император“ и „Последното танго во Париз“.

За филмот „Последниот император“ доби Оскар за најдобар режисер, со што стана првиот и единствен Италијанец кој ја освоил оваа награда. Овој филм, кинематографско ремек дело за последниот царски владетел на Кина, беше номиниран за девет Оскари и победи во сите девет категории.

Но, веројатно негов најпознат филм е „Последното танго во Париз“, еротска драма од 1972 година со Марлон Брандо и Марија Шнајдер.

Се работи за приказна за постар маж и млада жена кои имаат анонимен секс на различни локации во Париз. Посебно внимание во јавноста предизвика контроверзната сцена на секс во која беше употребен и путер.

Се чувствував понижено и да бидам искрена, се чувствував по малку и силувана, и од Марлон и од Бертолучи
Марија Шнајдер

Шнајдер, која за време на снимањето на филмот имаше 19 години, подоцна во интервју изјави дека сцената ја немало во оригиналното сценарио и за неа ѝ кажале непосредно пред снимањето.

„Се чувствував понижено и да бидам искрена, се чувствував по малку и силувана, и од Марлон и од Бертолучи.“

На филмскиот фестивал во Кан во 2011, Бертолучи беше награден за животно дело со Златна палма.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG