Линкови за пристапност

Бернанке: Економското опоравување бавно, но напредува


Бернанке: Економското опоравување бавно, но напредува
Бернанке: Економското опоравување бавно, но напредува

Раководителот на американската централна банка вели дека националното економско опоравување било „побавно од очекуваното" но дека перспективата за втората половина на годината е поветувачка.

Во говор во вторникот во јужниот американски град Атланта, претседавачот на Федералните резерви Бенџамин Бернанке кажа дека ситуацијата со работните места е „далеку од нормална“ и дека опоравувањето не може да се смета „целосно воспоставено“ додека нема подолг период на креација на работни места.

Сепак, Бернанке вели дека економијата се движи во „вистинска насока“ и дека тој антиципира поголеми резултати во наредните шест месеци, додека цените на бензинот и економските ефекти од јапонските цунами и земјотрес стивнуваат.

Забелешките се ехо на оние на претседателот Барак Обама порано во денот, кој кажа дека е уверен оти нацијата нема повторно да се лизне во рецесија, но дека е загрижен заради бавното растење на работните места.

Поновите извештаи за економијата покажуваат помалку нови работни места креирани за да ја намалат високата стапка на невработеност во блиска иднина.

Во говорот од вторникот шефот на централната банка исто така ги смири гласините за инфлација, велејќи дека најновото зголемување на инфлацијата треба да биде „транзиционо“. Но тој не вети натамошни напори за намалување на долгорочните каматни стапки – веси кои инвеститорите и економистите внимателно ги следат.

XS
SM
MD
LG