Линкови за пристапност

Берлускони не е загрижен за претстојното судење


Берлускони не е загрижен за претстојното судење
Берлускони не е загрижен за претстојното судење

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони вели дека не е загрижен за налогот на судија да биде изведен на суд по обвинение дека платил за секс со 17-годишна девојка и ја злоупотребил позицијата на власт.

На прес конференција дизајнирана да има фокус на економски прашања во среда тој беше испрашуван за ова при што коментираше дека има намера да го заврши својот мандат, чиј крај е во 2013.

Судија во Милано издаде судски налог во вторник и кажа дека судењето е закажано да почне на 6 април.

Обвинителите велат дека Берлускони платил за секс на 17-годишна девојка од Мароко во неговата вила. Тие велат дека потоа тој го употребил своето политичко влијание да биде ослободена девојката уапсена заради наводно крадење.

Берлускони, кој има 74 години, ги негира сите обвиненија и девојката, што сега има 18 години, вели дека никогаш не спиела со него.

Проституцијата во Италија е легална, но плаќање за секс на девојки помлади од 18 години не е.

Стотици илјади жени во неделата маршираа низ цела Италија барајќи Берлускони да си даде оставка. Тој исто така беше обвинет дека приредувал забави во неговиот дом со голем број млади девојки како негови гости.

Берлускони тврди дека обвиненијата против него се политички мотивирани.

Тој беше на суд неколку пати по различни обвиненија за корупција. Пресудите дека е виновен беа или преиначени или предметите беа отфрлени за време на бавниот жалбен процес.

XS
SM
MD
LG