Линкови за пристапност

Нападот во Германија бил намерен


Германската полиција не е сигурна дека го има вистинскиот сторител во притвор.

Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Маизиере изјави дека нема сомнение оти вчерашниот напад со камион во Берлин бил намерен.

Возачот, идентификуван како Пакистанец кој аплицирал за азил во Германија, возејќи украден камион намерно влетал во Божиќниот пазар и убил 12 лица, и повредил 50-тина.

Возачот избегал од местото на настанот, но бил фатен од полицијата на два километри од местото на инцидентот. Возачот на камионот негирал било каква поврзаност со нападот. Шефот на берлинската полиција изразил сомневање дека тоа е вистинскиот сторител.

Канцеларката Ангела Меркел рече дека станува збор за терористички напад и кажа: „Ќе биде многу тешко за нас доколку се докаже дека напаѓачот е азилант“.

XS
SM
MD
LG