Линкови за пристапност

Се интензивира потрагата по осомничениот за нападот во Берлин


Властите нудат 100.000 долари за информација што би довела до негово апсење.

Веќе трет ден по ред продолжува потрагата по напаѓачот во Берлин кој со камион влета во Божиќен пазар усмртувајќи 12 лица. Германските власти осомничениот го идентификуваа како Анис Амри, на 24-годишна возраст и по потекло од Тунис.

Според надлежните органи, Амри во Германија дошол во јули 2015-та и шест месеци годинава бил под надзор по информација дека можно е да се обидел да купи оружје за евентуален напад. Истрагата била затворена во септември.

Неговата апликација за азил била одбиена пред шест месеци, но не бил депортиран во Тунис заради проблеми со документи.

Германската канцеларка Ангела Меркел одржа прес-конференција за случајот. Властите синоќа понудија 100.000 долари за информација што би довела до апсење на осомничениот.

XS
SM
MD
LG