Портпарол на американската армија изјави дека Бергдал ја исполнил полседната фаза од процесот на реинтеграција и е назначен да служи во јужната сојузна држава Тексас во базата Сан Антонио - Форт Сем Хјустон, каде може „да придонесе за мисијата“.
Армијата вели дека истарагата за фактите и условите под кои Бергдал исчезнал и наводно киднапиран е во тек.
Амерканските воени претставници велат дека Бергдал заминал ја напуштил неговата база во Авганистан во 2009 година. Некои од неговите тогашни колеги велат дека тој дезертирал.
Авганистански Талибан го ослободи наредникот на 31 мај, во замена за пет талибански водачи кои биле притворени во воениот затвор Гвантанамо, во Куба. Приведените се испратени во Катар.
По неговото враќање во САД, Бергдал бил испратен на третман во воени медицински установи во Тексас.