Линкови за пристапност

Демократски сенатор го обвини Трамп за начинот на справување со руската закана


Бен Кардин денес го објави извештајот подготвен од демократските соработници во Сенатот

Демократите во Сенатот предупредија дека руските операции за поткопување на демократијата продолжиле и по изборите во САД и го обвинија претседателот Доналд Трамп, дека не успеал да се соочи со заканата.

Извештајот подготвен од помошници на демократите го објави сенаторот Бен Кардин кој ја обвини Русија за долготраен напад врз демократијата дома и во странство, и побара создавање на повеќекратна контра- стратегија која ќе биде раководена од претседателот на САД.

„По нападите како што беа Перл Харбор, 11-ти септември, американските претседатели ја обединија државата и светот во справување со предизвиците со кои се соочува нацијата. Сегашниот претседател на САД, едвај ги препознава повторените закани од нападите на Путин врз демократските влади и институции, од кои произлезе историската потребата за лидерство, со цел ефикасно спротивставување на овој вид агресија. Никогаш порано американскиот претседател јасно не ја игнорирал ваквата сериозна закана по американската национална безбедност“.

Врз основа на неколкумесечните истражувања и размена на информации со странски влади кои биле цел на активностите на Кремљ, на 206 страници исцрпно се документирани целосната низа на алатки (средства) кои Русија ги користи надвор од нејзините граници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG