Линкови за пристапност

Уапсени четири лица за нападот во Брисел


Канцеларијата на државниот обвинител изјави дека уапсените биле дел од немирите во Брисел, но, не даде детали како овие лица можат да бидат поврзани со нападот

Властите на Белгија изјавија дека полицијата денес уапсила четири лица, поврзани со истрагата за спречениот бомбашки напад на железничката станица во Брисел.

Канцеларијата на државниот обвинител изјави дека уапсените биле дел од немирите во Брисел, но, не даде детали како овие лица можат да бидат поврзани со нападот.

Осомничен во нападот е 36-годишно лице О.З., со потекло од Мароко, за кого постои можност дека ја поддржувало Исламската држава.

Во неговиот дом биле пронајдени хемикалии и други материјали, кои можат да се искористат за правење експлозиви.

Направата, скриена во неговиот куфер, не експлодира целосно, и не повреди ниту едно лице, а осомничениот напаѓач подоцна беше убиен при пресметка со полицијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG