Линкови за пристапност

Белата куќа рече дека има докази оти Хамас ја користи болницата „Ал-Шифа“ за воени акции


Акциите на Хамас не ја намалуваат одговорноста на Израел да ги заштити цивилите во Газа и ова е нешто за што ќе продолжиме да имаме активен разговор со нашите колеги, вели Кирби
Акциите на Хамас не ја намалуваат одговорноста на Израел да ги заштити цивилите во Газа и ова е нешто за што ќе продолжиме да имаме активен разговор со нашите колеги, вели Кирби

Белата куќа денес соопшти дека има свои разузнавачки информации оти Хамас ја користи најголемата болница во Газа „Ал-Шифа“ за да ги води своите воени операции и веројатно за складирање оружје, велејќи дека тие акции претставуваат воено злосторство.

„Имаме информации кои потврдуваат дека Хамас ја користи таа конкретна болница за режим на команда и контрола“ и веројатно за складирање на оружје“, изјави портпаролот на националната безбедност Џон Кирби за новинарите.

„Тоа е воено злосторство“.

Тој рече дека САД имаат информации дека Хамас и палестинскиот исламски џихад користат некои болници во појасот Газа, вклучително и „Ал-Шифа“, за да ги прикријат или поддржат нивните воени операции и да држат заложници.

Тој рече дека тие групи, исто така, се подготвени да одговорат на израелските воени операции против тој објект.

Тие информации дојдоа од различни разузнавачки методи, рече тој, додавајќи дека администрацијата на Бајден го намалила нивото на класификација на некои од податоците денес за да може да ги сподели своите заклучоци со новинарите.

Кирби истакна дека активностите на Хамас во болниците не ја намалуваат одговорноста на Израел да ги штити цивилите, но призна дека тоа ги направило покомплицирани напорите на Израел да го искорени Хамас.

„Да бидам јасен, ние не поддржуваме удар на болница од воздух. Не сакаме да видиме престрелка во болница каде што невини луѓе, беспомошни луѓе, болни луѓе едноставно се обидуваат да ја добијат медицинската нега што ја заслужуваат“, рече тој.

„Ние бевме јасни во повеќе наврати - акциите на Хамас не ја намалуваат одговорноста на Израел да ги заштити цивилите во Газа и ова е нешто за што ќе продолжиме да имаме активен разговор со нашите колеги“, додаде тој.

Израелските сили ја опколија болницата „Ал-Шифа“ во градот Газа, најголема во енклавата, за која велат дека се наоѓа на врвот на подземниот штаб на милитантите на Хамас.

Хамас, владејачката исламистичка група во Газа, негира дека има борци и вели дека 650 пациенти и 5.000-7.000 други цивили се заробени во болницата, под постојан оган од снајперисти и беспилотни летала.

Се вели дека 40 пациенти починале во последните денови, вклучително и три предвремено родени бебиња.

Официјален претставник на Хамас во Бејрут рече дека 25 од 35 болници во Газа се надвор од употреба поради нападот на Израел.

Судбината на „Ал-Шифа“ особено стана фокус на меѓународна тревога, вклучително и од најблискиот сојузник на Израел, САД.

Израел негира дека болницата е под опсада и вели дека неговите сили дозволуваат излезни патишта за оние што се внатре.

Лекарите и службениците во болницата го негираат ова и велат дека оние што се обидуваат да заминат се на удар на критики.

Ројтерс не можеше да ја потврди ситуацијата.

XS
SM
MD
LG