Тој рече дека полицијата, која се соочува со реакции за бруталност особено кон Афроамериканците, би можела да функционира „на помалку груб начин“. Сепак, претседателот потенцираше дека не може да се откажеме од, како што рече, најдобрите сили за спроведување на законот во светот.
Нема да има дефинансирање, нема да има распуштање на полицијатаДоналд Трамп, претседател на САД
Трамп рече дека неговата администрација разгледува идеи за полициска реформа.
Сепак, длабинската реформа на полицијата која ја предложија Демократите во Конгресот не е стартна позиција за Белата Куќа.
Трамп рече дека „нема да има дефинансирање, нема да има распуштање на полицијата“.