Линкови за пристапност

Белата куќа открива итност за предупредување на Русите за потенцијален терористички напад


Должност за предупредување. Тоа е обврската што САД велат дека ја преземаат на себе доколку разузнавачката заедница може да идентификува претстојна закана за одредена земја. САД постапија на оваа должност само две недели пред смртоносниот напад во близина на Москва за кој одговорноста ја презеде Исламската држава. Американските власти ја предупредија Русија дека екстремистите имаат непосредни планови за таков напад, но Кремљ го отфрли предупредувањето како обична уцена и напори за дестабилизација на руското општество. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби зборуваше за Гласот на Америка за терористичкиот напад.

Глас на Америка: Најпрво, да преминеме на новите обвинувања кои денес доаѓаат од Русија. Шефот на руската ФСБ ги обвини Велика Британија, САД и Украина дека стојат зад нападот во Москва на концертната сала. Каков е вашиот одговор на тоа?

Џон Кирби: Глупости!

Глас на Америка: Соединетите Држави ја искористија својата должност да ги предупредат руските колеги за претстојната закана. Зошто беше важно американската страна да ги предупреди Русите со оглед на тоа дека тие ја водат војната против Украина и тие се претворија во светска параја?

Џон Кирби: Затоа што ќе бидат невини руски луѓе кои ќе станат жртви, а всушност станаа жртва и ние ја сфаќаме нашата должност да предупредуваме многу, многу сериозно. Видете, ние имаме секакви проблеми со начинот на кој господинот Путин води и владее, ако сакате така да го наречете, и секако имаме значителна загриженост за континуираните непромислени и насилни напади врз украинскиот народ и украинската инфраструктура. Но, ние немаме проблем со рускиот народ. Имавмеинформации дека ќе го стават рускиот народ, невините Руси на ризик од терористичка закана. Така, ги информиравме руските власти како што е соодветно како што би направиле за која било земја.

Глас на Америка: Како изгледаше нивниот одговор. Дали тоа беше порака за „благодарност“ или рекоа: „тоа е глупост, оставете го за себе“?

Џон Кирби: Нема да опишам што направи другата страна со информациите што ги дадовме. Ние дадовме корисни, веруваме, вредни информации за она што мислевме дека е неизбежен терористички напад. Ги предупредивме и Американците да се држат подалеку од јавни места како концертни сали. Така, бевме многу директни со нашите руски колеги соодветно за да се осигураме дека тие имаат што е можно повеќе корисни информации. Што направиле со тоа, или не направиле со тоа, треба тие да кажат.

Глас на Америка: Но, можете ли да потврдите дека го добиле (предупредувањето)?

Џон Кирби: Знаеме дека ја добиле информацијата и дека ја разбрале информацијата. Сега она што тие го направија со тоа, потребно е разговарате со нив.

Глас на Америка: Кој е одговорен за овој напад според американските разузнавачи? Дали е ИСИС? Кој бил мотивот зад нападот?

Џон Кирби: ИСИС е одговорна за овој напад.

Глас на Америка: ИСИС-К?

Џон Кирби: ИСИС е одговорна за овој напад.

Глас на Америка: Дали го знаете мотивот овде?

Џон Кирби: ИСИС самите ја презедоа одговорноста. Сите тие имаат цели. Повторно, нема да навлегувам премногу во разузнавачките работи. ИСИС е одговорна за овој напад.

Глас на Америка: Продолжуваме кон Украина. Кои се шансите Конгресот да гласа за дополнителниот (буџет за помош на Украина) откако законодавците ќе се вратат од одмор?

Џон Кирби: Па, се надеваме дека ќе го изгласаат. Не можам да предвидам што ќе направи Домот. Ќе зависи од спикерот Џонсон и ова е момент за тој да покаже лидерство. Знаеме дека ако го ставите тоа на гласање, ќе се изгласа убедливо. Така, Украина и украинските команданти на бојното поле ќе го имаат оружјето и способностите што им се потребни за подобро да се одбранат, особено на исток, таму во Донбас, каде што руските сили продолжуваат да се обидуваат да постигнат напредок туркајќи на запад од Авдиивка. Значи, минато време е да можеме да обезбедиме дополнителна безбедносна помош за Украина, минато време е таа дополнителна да се помине. И затоа го повикуваме спикерот Џонсон да го стави пред гласање и да продолжиме.

Глас на Америка: Спикерот Џонсон, како што објави „Хил“, може да размислува за можноста да и обезбеди на Украина заем или друга форма на договор за заем-закуп за снабдување со оружје, со очекување на отплата. Дали оваа администрација би била отворена за оваа опција како алтернатива на дополнителната

Џон Кирби: Нашиот фокус е на тоа дополнително да помине. И како што кажав претходно, и спикерот го знае ова, ако го стави на гласање, ќе добие одобрение. Ги има гласовите. Тоа е најдобриот начин да се поддржи Украина.

XS
SM
MD
LG