Линкови за пристапност

Белата куќа ќе го промовира терминот „Бајденомика“ за раст на економијата


„Бајденомика“ е обид да се разликува агендата на претседателот и демократите од онаа на републиканците кои се залагаат за намалување на даноците и за намалување на владините трошоци.
„Бајденомика“ е обид да се разликува агендата на претседателот и демократите од онаа на републиканците кои се залагаат за намалување на даноците и за намалување на владините трошоци.

Во пресрет на кампањата за реизбор на претседателот Џо Бајден во 2024 година, Белата куќа го промовира терминот „Бајденомика“ за да прикаже дека неговите политики за „растење на економијата“ успеале да ја намалат инфлацијата и невработеноста.

„Уделот на работоспособните Американци во работна сила сега е поголем отколку во последните 15 години“, рече Лаел Брејнард, директор на Националниот економски совет на Белата куќа, во вторникот за време на брифингот со новинарите. „Имаме уште работа, инфлацијата се намалува веќе 11 месеци по ред.

Таа промовираше 13 милиони работни места создадени откако Бајден ја презеде функцијата, а стапката на невработеност е под 4% од февруари годинава.

Додека инфлацијата сè уште претставува предизвик, работодавците продолжуваат да вработуваат, а потрошувачките цени се зголемија со побавно темпо во мај во споредба со претходната година.

Но, повеќето Американци не го делат оптимизмот на владата. Најновата анкета на ИПСОС покажува дека рејтингот на Бајден останува стабилен. Економијата останува главната загриженост, а повеќето се песимисти за насоката во која се движи земјата, факт што републиканците го нагласуваат.

Неповрзаноста меѓу економските податоци и тоа како луѓето се чувствуваат за нивната финансиска благосостојба може да се припише на фактот дека Американците не ги поднесуваат добрите вести, рече портпаролот на ИПСОС, Крис Џексон. Тој укажа на анкетите кои покажуваат колку се запознаени Американците со економски случувања како што се ниската невработеност и падот на инфлацијата наспроти лошите вести како што се проблемите со синџирот на снабдување и високата инфлација.

Секој ја знае лошата вест, додека многу малку Американци ја знаат добрата вест
Крис Џексон, портпаролот на ИПСОС

„Секој ја знае лошата вест, додека многу малку Американци ја знаат добрата вест“, изјави тој за Гласот на Америка. „Во вакво опкружување, тешко е да се направи убедлив случај дека се прави добра работа, кога никој не знае ништо што е добро“.

Бајден на говор во Чикаго ќе говори за „Бајденомика“ и ќе ги убедува Американците дека дека економијата под негово водство се движи напред. Тој ќе ги претстави главните столбови на „Бајденомика“, вклучувајќи ги и стратешките инвестиции во критичните сектори како што се инфраструктурата, чистата енергија, зајакнување и едукација на американските работници и промовирање на конкуренцијата за намалување на трошоците и обезбедување фер можности за малите бизниси.

Републиканците го застапуваат ставот дека некои од владините политики се прескапи и ја зголемуваат стапката на инфлацијата. Според нив, поголемиот дел од добивките од работните места од 2021 година биле работни места кои обновени од пандемијата, а не новоотворени работни места.

Минатата недела, Федералните резерви ја паузираа својата агресивна кампања за зголемување на каматните стапки за првпат по 18 месеци, но сигнализираа дека битката против инфлацијата не е завршена. Можни се зголемувања на каматните стапки, дури и во јули.

„Бајденомика“ е обид да се разликува агендата на претседателот и демократите од онаа на републиканците кои се залагаат за намалување на даноците и за намалување на владините трошоци.

XS
SM
MD
LG