Линкови за пристапност

Белата куќа бара од Конгресот да дејстува за финансирањето на Украина


Гранатиран станбен комплекс во Керсон, Украина, 3 декември 2023 година.
Гранатиран станбен комплекс во Керсон, Украина, 3 декември 2023 година.

Белата куќа предупреди дека ќе нема американска помош кон Украина, ако Конгресот не реагира до крајот на годината.

„Ова не е проблем за следната година“, напиша директорката за буџет на Белата куќа Шаланда Јанг во писмо до лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот. „Токму сега е времето да и се помогне на демократска Украина во борбата против руската агресија. Време е Конгресот да дејствува .“

Јанг рече дека се искористени речиси сите 111 милијарди долари доделени за помош на Украина. Најголемиот фонд од парите беше искористен за воена помош, додека други беа наменети за економска и цивилна помош, како и за хуманитарна помош.

Администрацијата на Бајден го притисна Конгресот да одобри пакет од 106 милијарди долари кој ќе обезбеди помош за Украина, Израел и други области. Украинскиот дел изнесува 61 милијарда долари.

Предлогот наиде на противење од некои републиканци во Претставничкиот дом, кои се сомневаа во обезбедувањето поголема помош за Украина и се обидоа да го поврзат секое дополнително финансирање со барањата за безбедносни мерки на границата на границата меѓу САД и Мексико.

На бојното поле

Украинската војска соопшти дека Русија ја нападнала земјата во текот на ноќта со 23 беспилотни летала Шахед од иранско производство заедно со ракета.

Украинските воздухопловни сили на Телеграм објавија дека воената противвоздушна одбрана соборила 18 од 23 беспилотни летала и ја уништила ракетата.

Воздухопловните сили соопштија дека противвоздушната одбрана оперирала во најмалку девет региони во Украина, но не прецизираа во кои.

Гувернерот на регионот на Миколаев рече дека шест од беспилотните летала биле соборени таму, при што остатоците од еден соборен дрон оштетиле зграда.

И официјални лица во Лавов пријавија најмалку едно беспилотно летало во тој дел од земјата, но нема штета или повредени.

Во Керсон, регионалниот гувернер изјави дека руското гранатирање во текот на изминатите 24 часа убило две лица, а повредени осум други. Гувернерот пријавил и штети на една градинка, како и на медицински објект и на инженерски објект.

А, гувернерот на руската област Воронеж рече дека генерал-мајор Владимир Завадски, заменик командант на 14-тиот армиски корпус на Русија, бил убиен во Украина.

Дел од информациите се од Асошиетед прес, агенцијата Франс – прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG