Линкови за пристапност

Лидерката на опозицијата во Белорусија ја повика ЕУ да не ги признае изборите


Преку видеопорака, таа рече дека Лукашенко го изгубил целиот легитимитет во очите на светот

Лидерката на опозицијата во Белорусија Светлана Тиханоскаја ја повика Европската Унија да не ги признае „измамничките избори“ на кои изгуби од долгогодишниот претседател Александар Лукашенко.

Преку видеопорака пред итниот самит на ЕУ, Тиханоскаја рече дека „Лукашенко го изгуби целиот легитимитет во очите на нашата држава и светот“.

Официјалните изборни резултати покажаа дека Лукашенко освоил 80 отсто од гласовите, негирајќи ги обвинувањата дека гласањето било наместено.

Тиханоскаја не ги призна резултатите, како и демонстрантите кои протестираат низ целата држава, со цел да го искажат отпорот против Лукашенко.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG