Линкови за пристапност

Бела куќа: Северна Кореја ѝ испорачува оружје на Русија


Северна Кореја неодамна испрати балистички ракети и друго вооружување на Русија за нејзина употреба во војната против Украина, соопшти денес Белата куќа.

„Ова е значајна и загрижувачка ескалација“, им рече на новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, истакнувајќи дека САД ќе го покренат ова прашање пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Повикувајќи се на нови декласифицирани разузнавачки информации, Кирби рече дека руските сили лансирале најмалку една од проектилите испорачани од Северна Кореја на 30 декември, кои паднале на отворено поле во регионот Запорожје во Украина.

Тој рече дека Русија потоа истрелала „повеќе“ балистички ракети во Украина како дел од масовниот воздушен напад во вторникот, еден од најголемите напади во војната.

Кирби рече дека САД и нивните сојузници ќе го покренат ова прашање со оружје пред Советот за безбедност на ОН бидејќи тоа претставува кршење на санкциите од страна на ОН кои беа наметнати против Северна Кореја.

Русија, исто така, има намера да купи ракети од својот сојузник Иран, рече тој.

И Москва и Пјонгјанг претходно ги негираа наводите за оружје.

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека САД веруваат дека Северна Кореја и испратила на Русија „неколку десетици балистички ракети“ и лансирала многу од нив во вторникот.

„Очекуваме Русија да користи дополнителни проектили од Северна Кореја за да уништи повеќе од цивилната инфраструктура на Украина и да се убијат повеќе украински цивили“, рече таа.

„Загрижени сме за безбедносните импликации што оваа соработка ги има врз глобалниот мир и безбедност“, рече Томас-Гринфилд.

XS
SM
MD
LG