Линкови за пристапност

Светските сили ветија близу 300 милиони долари помош на Либан


Министерката за правда на Либан, Мари-Клод Најм даде оставка и стана третиот министер што го напушта кабинетот по минатонеделната масивна експлозија во Бејрут.

Доцна во неделата Деманиос Катар, Министер за заштита на човековековата околина даде оставка, а Министерот за информации Манал Абдел-Самад поднесе оставка порано истиот ден.

Неколкумина други министри исто така се јавува дека размислуваат за оставки на функциите.

Кабинетот има седница во понеделник.

Во меѓувреме, најмалку осуммина законодавци објавија оставки од Парламентот што треба да се состане подоцна неделава.

Светските лидери во недела ветија близу 300 милиони долари (253 милиони евра) за помош на Либан да се опорави од експлозијата во Бејрут.

Светските сили инсистираат на транспарентност во трошењето на парите за помош, заради загриженост дека испраќаат пари за корумпирана држава, а некои посочуваат и на загриженост заради влијанието од Иран преку шиитската група Хезболах.

Белата куќа кажа дека Трамп „повикал на смиреност во Либан и им дал за право на легитимните повици на мирољубивите протестанти за транспарентност, реформа и одговорност“.

Надвор од ветувањето за помош, САД, под директива на Трамп, доставија итна помош за Либан, почнувајќи со храна, вода и лекарства. Иницијално, САД ветија повеќе од 17 милиони долари во помош за државата заради катастрофата.

XS
SM
MD
LG