Голема експлозија денеска го потресе пристаништето во либанската престолнина Бејрут и нанесе огромна штета.
Официјален претставник на либанскиот црвен крст Џорџ Кетанех изјави пред новинарите дека стотици луѓе повредени, но дека не може да даде прецизен број. Тој рече дека напорите за спасување се во тек и дека луѓето сè уште се заробени во нивните домови и во другите околни структури.
На сликите од експлозијата можат да се видат нејзините последици, скршени прозорци и големи штети на километри оддалеченост од пристаништето.
Причината за експлозијата не е непосредно посочена, но некои локални медиуми објавија дека се случила во област на пристаништето каде се складирани материјали за огномет.
Експлозијата се случи во моментот кога судот поддржан од Обединетите нации треба да им пресуди на четири лица од шиитската група Хезболах, осомничени за убиството на либанскиот поранешен сунитски лидер Рафик Харири во бомбашки напад пред 15 години, предизвикувајќи регионален пресврт.
Судот треба да донесе пресуда во петок што може повторно да ја потресе земјата.
Експлозијата се случи и за време на една од најтешките економски и финансиски кризи во Либан со децении, и во услови на ескалација на тензиите меѓу Хезболах и Израел по должината на јужната граница на Либан.
Претставник на Белата куќа изјави дека претседателот Доналд Трамп бил брифиран за експлозијата.
„Се молиме за народот во Либан. Претседателот е брифиран. Ние продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата “, рече директорката за стратешки комуникации на Белата куќа, Алиса Фара.
Facebook Forum