Линкови за пристапност

Гласот на Америка предвидува затвoрање на балканските сервиси во 2015-та


Предлог-буџетот бара зајакнување на емитувањето програма за Африка и Азија

Одборот на гувернери за емитување програма (ББГ), што е ентитет на американската влада кој раководи со Гласот на Америка, ги објави деталите на буџетот за 2015-та што ќе ги скрати сервисите на балкански јазици, но додава финансирање за Азија и Африка.

ББГ бара од Конгресот 721 милион долари, што е намалување од 731 милион колку што буџетот за оваа фискална година. Официјални лица на агенцијата велат дека целта е да се посегне по новата генерација на публика преку медиумите кои глобалните слушатели и гледачи се` повеќе ги користат.

Барањето за буџет за 2015-та вклучува видео наменето за млади и дигитални иницијативи за Камбоџа, Виетнам и Бурма.

Во Кина, ББГ планира зголемено користење на социјалните медиуми и програми за борба против цензурата на Интернетот.

ББГ исто така планира отварање на нов сателитски телевизиски канал и проширување на ФМ радиото во регионот Сахел на северо-централна Африка. Нов сервис на лингала јазикот се планира за Демократска Република Конго.

Програмите за учење англиски на Гласот на Америка исто така ќе бидат проширени.

Но буџетот за 2015-та би ги елиминирал јазичните сервиси за Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија.

Азербеџанскиот, Грузискиот, Персискиот и Узбекистанскиот сервис би имале намалувања, а во емитувањето програма за Куба исто така е предвидено значително кратење.

Предлогот предвидува затварање на дописништвата на Гласот на Америка во Ерусалим и во Хјустон.
XS
SM
MD
LG