Линкови за пристапност

Бајден во Белата куќа ќе се сретне со премиерот и претседателот на Полска


Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе ги пречека полскиот претседател и премиерот во Белата куќа, потврдувајќи ја нивната заедничка поддршка за одбраната на Украина од руската војна.

Белата куќа соопшти дека за време на состанокот, кој се совпаѓа со 25-годишнината од пристапувањето на Полска во НАТО, лидерите ќе се координираат пред Самитот на НАТО кој ќе се одржи од 9-11 јулиоваа година во Вашингтон.

Претседателот Бајден ја повтори својата поддршка за двопартискиот конгресен договор за границата во говорот на состанокот на Лигата на градовите во Вашингтон.

„Верувам дека Конгресот и Сенатот имаат гласови да го усвојат. Мора да ги прекинеме игрите. Овој договор е за победа за Америка. За вашите градови и населби. Сите вие се соочувате со проблемот секој ден. Значи, важно е за вас, вашата заедница, да им кажете на вашите членови во Конгресот да се појават, да покажат малку кичма и да го усвојат двопартискиот закон за безбедност на границата“, порача претседателот Џо Бајден.

Имиграцијата се појави како централно прашање во претседателската кампања во 2024 година, што се очекува да биде реванш меѓу Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп.

XS
SM
MD
LG