Линкови за пристапност

Бајден ќе се сретне со семејствата на жртвите во нападот во Њу Орлеанс


Ужалени се сеќаваат на жртвите во новогодишниот смртоносен напад со камион и пукање по улиците Канал и Бурбон во Њу Орлеанс, 4 јануари 2025 година
Ужалени се сеќаваат на жртвите во новогодишниот смртоносен напад со камион и пукање по улиците Канал и Бурбон во Њу Орлеанс, 4 јануари 2025 година

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе го посетат Њу Орлеанс денес откако 14 лица беа убиени, а 35 повредени, кога маж влета со голема брзина со изнајмен пикап во група пешаци во раните утрински часови на новогодишниот ден.

Семејството Бајден планира да се сретне со членовите на семејствата на жртвите кои беа прегазени кога лицето, идентификувано од властите како 42-годишен воен ветеран од Хјустон, влета во граѓани на раздвижената улица Бурбон.

Полицијата смртно го застрела сторителот откако тој пукаше кон полицајците.

Бајден, со две недели преостанати на функцијата пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, исто така се среќава со истражителите кои велат дека лицето дејствувало само во нападот, но било инспирирано од Исламската држава (ИД) да го изврши терористичкиот напад.

Федералното биро за истраги (ФБИ) соопшти дека сторителот објавил пет видеа на социјалните мрежи во кои изразува поддршка за терористичката група Исламска држава, приближно час и половина пред нападот, додека Њу Орлеанс ги прославуваше првите часови од 2025 година.

Знамето на ИД било пронајдено во задниот дел на камионот.

XS
SM
MD
LG