Линкови за пристапност

Кошмарот на Русија се консолидирани демократии на Западниот Балкан


Аналитичарот Курт Басенер од Советот за политика за демократизација со седиште во Берлин вели дека загриженоста за исходот од референдумот во Македонија е легитимна

„Да бидам јасен, македонските граѓани треба да решат дали Договорот од Преспа е добар. Ако јас бев гласач, знам како би гласал. Во моментот не гледам подобра опција, ако се сака интеграција со Западот. Русија притиска врз двете страни, врз грчката и врз македонската за ставање крај на процесот, “ вели аналитичарот Курт Басенер во интервју за Босанската редакција на Гласот на Америка, кој потенцираше дека „кошмарот на Русија се консолидирани демократии на Западниот Балкан.“

„Ако референдумот пропадне, може да си ја претставивте реакцијата на албанската популација која е позитивно настроена кон НАТО, кон ЕУ, кон интеграцијата. Јас очекувам тие да гласаат на референдумот. Тие ќе речат ние сакаме таму, иако вие не сакате. Загриженоста е легитимна“, смета Басенер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG