Линкови за пристапност

Безбол со имагинативни слики


Безбол со имагинативни слики
Безбол со имагинативни слики

Само во Америка: Божемен безбол

Нат Олбрајт почина минатата недела во болница во Вирџинија на 87 години. Не само вие, туку веројатно ниеден Американец под 60-годишна возраст кој не е страстен љубител на безболот не чул за него.

Во негово време Нат Олбрајт бил легенда, - мајстор, уметник, вешт раскажувач на приказни. Измислени приказни, но многу живи, на кои верувате до збор.

Кога се појавило радиото во 1920-те, безболот бил еден од првите спортови кои отишле на радио брановите. Многу брзо потоа, сите поголеми екипи на големата лига ги емитуваа своите игри.

Но, од нивните сопствени стадиони. Било покомплицирано и многу поскапо да се испрати опис на играта од стадиони кои биле далеку.

Така, сопствениците на тимовите станале креативни. Коментаторите навлегле во статистичките податоци и оригиналностите на играчите, во нијансите меѓу игралиштата во рамки на лигата, и започнале да и` носат на радио публиката богати извештаи од акцијата на играта – без да видат ништо од тоа.

Користејќи телеграфски услуги од Вестерн Јунион, тие добивале дознаки за секој удар и сегмент од играта, и седејќи во одделечени студија сликале живи слики со зборови од местото на настанот. За да го направат преносот уште поверојатен, тие или нивни помошници користеле различни звучни ефекти, како конзерви за симулирање врева од толпа или кинење хартија за громови во далечината.

Понекогаш помошник од тоалет со ехо се преправал дека е најавувач од стадионот или продавач на сендвичи со кренвишли.

Нат Олбрајт можеби бил најдобар меѓу нив. Од мало студио во Вирџинија, стотици километри оддалечен од секоја игра што Доџерс од Бруклин ја играле, Олбрајт испраќал имагинативни описи на нивните игри до станици на мрежата низ цел југ.

Пред да се одјави, тој морал да каже, според федерален закон, дека целата работа била рекреација, и тоа го правел тивко и брзо. Но, најголем дел од слушателите верувале дека секоја врева од публиката, секоја оценка на судијата од теренот и секој опис на бришење на потта од веѓата на фрлачот – се вистински. Во случајот на Олбрајт, често подобро од вистински.

XS
SM
MD
LG