ВАШИНГТОН —
Главниот правобранител на САД Вилијам Бар денес е во Претставничкиот дом, каде се соочува со прашања за извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер, за истрагата за руското мешање во изборите во САД во 2016 година.
Целта на неговото доаѓање во Конгресот не е извештајот на Мулер, туку предложениот буџет на администрацијата на Трамп за фискалната година која почнува во октомври.
Сепак, скратената верзија на извештајот на Мулер предизвика внимание, која според истражители од тимот на Мулер, соодветно не ги прикажува заклучоците од извештајот.
Facebook Forum