Линкови за пристапност

Одделот за правда негира дека Бар планира да поднесе оставка


Портпаролката Кери Купек на Твитер напиша дека главниот правобранител нема планови да се повлече, откако неколку медиуми објавија дека тој размислувал да замине од функцијата

Одделот за правда на САД соопшти дека главниот правобранител Вилијам Бар не планира да поднесе оставка, откако во медиумите беа објавени информации дека Бар ќе се повлече во знак на протест на објавите на претседателот на САД Доналд Трамп на Твитер, во врска со актуелните кривични истраги.

Портпаролката Кери Купек на Твитер напиша дека „главниот правобранител нема планови да даде оставка“.

Оваа изјава уследи откако неколку медиуми објавија дека Бар има кажал на луѓе блиски до Трамп оти размислува да се повлече, по последните објави на Трамп за препораката за затворската казна за неговиот долгогодишен пријател Роџер Стоун.

Трамп вчера изјави дека има целосна доверба во Бар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG