Линкови за пристапност

Преку 1.000 поранешни обвинители и официјални лица на Одделот за правда бараат оставка од Бар


Ваквото барање уследи откако главниот правобранител реагираше да се промени препораката за затворска казна на Роџер Стоун

Повеќе од 1.100 поранешни федерални обвинители и официјални лица на Одделот за правда, побараа оставка од главниот правобранител Вилијам Бар, откако тој реагираше да се промени препораката за затворска казна на Роџер Стоун, долгогодишен соработник на претседателот на САД Доналд Трамп.

Четворица професионални федерални обвинители препорачаа Стоун оваа недела да биде осуден до девет години затвор, откако во ноември тој беше обвинет по седум основи, меѓу кои за лажење пред Конгресот и влијание врз сведоци, поврзани со претседателските избори во САД во 2016-та година.

Но, Бар и Одделот за правда беа изненадени од висината на казната, а Трамп ваквата препорака ја нарече смртоносна за правдата.

Веднаш потоа Бар интервенираше, а Одделот за правда рече дека првичната препорака би можела да се сфати „превисока и неоснована“.

Сите четворица обвинители се изземаа од случајот, додека еден целосно си замина и од Одделот за правда.

По реакцијата на Бар, Трамп го пофали на Твитер, честитајќи му за преземање контрола врз случајот.

Поранешните обвинители и официјални лица на Одделот за правда, остро го осудија мешањето на Трамп и на Бар во работата на администрацијата во овој Оддел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG