„Не би го нарекол тоа процес на мониторирање, тоа би било дијалог на повисоко ниво за реформите кои се имплементираат, за да може да им дадеме поддршка на истите“, рече Баросо, потецирајки дека „целта на овој инстурмет е земјата да го задржи моментумот на поранешната реформска агенда. Во спротивно, постои голем ризик земјата да заостане во пристапниот процес“.
Според владата оваа понуда на Баросо е нов квалитет во односите на Македонија со ЕУ.
„Предлогот што го слушнавме од Баросо внесува нов квалитет во односите меѓу Македонија и Европската комисија и тој ќе и помогне на нашата земја да продолжи да се движи напред. Пристапниот дијалог на највисоко ниво треба да овозможи да не го изгубиме периодот додека формално не ги почнеме преговорите за членство“, рече вице премиерот Васко Наумовски.
Опзицијата има спротивно толкување. Според нив Брисел наводно изразил загриженост за реформскиот процес.
„За жал, имам чувство дека македонската страна, не само од оваа средба, туку малку подолго се обидува да не разбере што меѓународната заедница сака да ни каже“, вели поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.
Некои експерти даваат слични толкувања.
„Ова е закажување на серизоен родителски состанок за палавото дете кое ќе биде изложено на серизоен мониторинг“, вели поранепшниот шеф на дипломатијата Сашо Димитров. Тој потецира дека според пораките на претседателот на ЕК, Баросо, може да се разбере дека Македонија е во голема опаснот доколку во скоро време не направи напредок во судските реформи, реформите на администраијцта и слободата на изразувањето, зашто може да ја загуби препораката за почеток на преговри која ја доби од ЕК во 2009-та година.