Линкови за пристапност

И синот на Трамп Барон бил заразен со ковид-19, објави првата дама на САД


Меланија Трамп рече дека Барон сега бил тестиран негативен на вирусот

САД регистрираат зголемен број на заразени, просечно над 50.000 нови слуачи на ден изминативе недели.

Заразен со коронавирус бил и синот на претседателот Доналд Трамп Барон Трамп. Првата дама Меланија Трамп ја соопшти веста преку соопштение од Белата куќа, во кое таа зборува и за нејзиното справување со болеста.

Рече дека Барон бил тестиран позитивен на вирусот кусо откако таа и претседателот биле дијагностицирани, но, нагласи дека тој немал симптоми. Таа рече дека Барон сега бил тестиран негативен на ковид-19.

Истовремено, расте бројот на заразени и во Европа. Германската канцеларка Ангела Меркел најави воведување на нови рестрикции на национално ниво, откако вчера регистрираше рекорден број на заразени од 6.638 лица.

Мерките предвидуваат рано затворање на баровите и рестораните, како и ограничување на бројот на лица кои можат да се групираат на јавно место.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави полициски час во Париз и во најмалку седум други градови, во периодот од 9 часот навечер до 6 часот наутро. Полицискиот час ќе почне во сабота и ќе остане во сила најамлку четири недели.

Северна Ирска презеде подраматични мерки, најавувајќи четиринеделен карантин, затворање на училиштата две недели, додека рестораните и пабовите ќе бидат затворени цел месец, освен за испорака на храна.

Лондон, пак, според новинарските извештаи, ќе биде ставен на второ ниво на владини рестрикции, определувајќи средини кои се наоѓаат во среден, висок и многу висок ризик.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG