Линкови за пристапност

По предупредување од САД, зајакнати безбедносни мерки во Барселона


Засилено е полициското присуство во делови на шпанскиот град Барселона по предупредувањето на Американскиот Стејт департмент за зголемен ризик од терористички напади за време на празниците.

„Потребна е особена претпазливост во областите каде има големо движење на возила, вклучувајќи и автобуси, во областа Ла Рамбла во Барселона за време на Божиќ и Нова Година“, објави на Твитер Бирото за конзуларни работи на Стејт департментот, предупредувајќи дека „терористите можат да нападнат со мало или без предупредување, локации, транспортни центри и други јавни површини.“ https://twitter.com/TravelGov/status/1076842247067521024

Регионалната полиција ги засили безбедносните мерки, особено околу областите каде се движат автобуси и се одвива јавниот транспорт, во областа Ла Рамбла во Барселона. Ла Рамбла, популарна туристичка дестинација, беше цел на нападот на милитантите на исламската држава во август 2017 година, при што загинаа 14 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG