Линкови за пристапност

Исламската држава ја презеде одговорноста


Најмалку 13 загинати и 80-тина повредени во терористичкиот напад во Барселона

Според владин претставник, најмалку 13 лица загиналe, а околу 80 се повредени во напад со комбе, кое со огромна брзина влетало во пешаци во туристичката област Лас Рабас во Барселона, Шпанија.

Повеќе медиуми јавуваат дека терористичката организација Исламска држава ја презела одговорноста за нападот. Локалните власти соопштија дека две лица биле уапсени. Во моментов нема други детали.

Полицијата на местото на настанот, преку мегафон ги повика луѓето наоколу да ја напуштат областа, бидејќи се соочуваат со „терористички напад“.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој преку Твитер изјави дека е во контакт со локалните власти, и сега приоритет на владата се повредените.

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп бил брифиран за случувањата. Подоцна, тој на Твитер истакна дека САД го осудуваат терористичкиот напад во Барселона и дека ќе сторат се` што е потребно да помогнат.

Државнот секретар Рекс Тилерсон осудувајќи го нападот, им порача на американските државјани во градот да бидат на безбедно. „Терористите ширум светот треба да знаат дека САД и нашите сојузници се определени да ве пронајдат и да ве изведат пред правдата“, рече тој.

Првата дама Меланија Трамп, исто така на Твитер, напиша: нашите мисли и молитви се со жртвите во Барселона.

Напаѓачот или напаѓачите се и натаму во бегство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG