Линкови за пристапност

Се влошува здравствената состојба на Барбара Буш


Поранешната прва дама нема да бара понатамошно лекување

Здравствената состојба на Барбара Буш, сопруга на еден американски претседател и мајка на друг се влоши, и таа одлучи да побара грижа, наместо понатамошно лекување.

Од канцеларијата на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш соопштија дека 92 годишната поранешна прва дама ја донела одлуката по неодамнешните хоспитализации и по консултации со семејството и лекарите. Во соопштението не беше наведено на каков третман била изложена.

„Таа е опкружена со семејство и ги цени многуте пораки кои ги добива, особено молитвите“.

Барбара Буш, е позната по нејзините искрени забелешки и по хуморот на своја сметка. Таа беше прва дама на САД од 1989 до 1993-та година, кога нејзиниот сопруг беше 41-тиот претседател на државата. Тој е на 93 години и исто така е во лоша здравствена состојба.

Барбара и Буш е мајка на поранешниот претседател Џорџ В. Буш, 43-тиот претседател на САД и на поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш.

Таа е една од двете први дами кои исто така биле мајки на претседател. Другата беше Абигел Адамс, сопругата на Џон Адамс, вториот претседател на државата, и мајката на шестиот претседател, Џон Квинси Адамс.

Барбара и Џорџ Х.В. Буш стапиле во брак на 6-ти јануари, 1945 година. Тие имале шест деца и биле во брак повеќе од која било друга претседателска двојка во американската историја.

Како прва дама, нејзиниот главен фокус беше писменоста и таа беше вклучена во голем број на организации за образование. Таа пред неколку децении ја основа „Фондацијата Барбара Буш за семејна писменост“, промовирајќи вештини за читање, особено за децата.

XS
SM
MD
LG