Линкови за пристапност

Почина Барбара Буш


Матријархот на семејството Буш, мајка и сопруга на американски претседател, почина на 92-годишна возраст

Во вторник навечер, опкружена со блиските, почина поранешната прва дама Барабара Буш. Таа имала проблеми со срцето и белите дробови.

Буш пред неколку дена одби понатамошен медицински третман, откако здравствената состојба значително и` се влошила.

Барбара Буш беше позната по нејзиниот брз темперамент и остар јазик.

Таа беше матријарх на семејството Буш со шест деца. Беше сопруга на Џорџ Х.В. Буш, 41-от претседател на САД и мајка на Џорџ В. Буш кој стана 43-тиот американски претседател.

Како прва дама, Барбара Буш описменувањето го ставила во преден план, а подоцна формирала и сопствена фондација со истата кауза.

Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија, го пофалија ангажманот на Барбара Буш во областа на писменоста и литературата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG