Линкови за пристапност

Отпуштен Стив Бенон - главниот стратег во Белата куќа


Претседателот на САД Доналд Трамп, на виши владини претставници им соопштил дека донел одлука да го отпушти својот главен стратег, Стив Бенон, кој уште од првите денови на оваа администрацијата, важеше за негов најконтроверзен советник.

Во соопштението на портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс, се вели дека шефот на кабинет Џон Кели и Стив Бенон, постигнале согласност дека денеска ќе биде неговиот последен работен ден. Сандерс додаде дека Белата куќа е благодарна за службата на Бенон и му посакува се` најдобро.

Бенон, кому му се придава голема заслуга Трамп да биде избран на функцијата, со месеци имал несогласувања со влијателни фигури во Белата куќа.

Според весникот „Њујорк тајмс“, тој инсистирал дека повлекувањето од функцијата е негова идеја, и ја поднел оставката до претседателот уште пред 11 дена, како подготовка тоа да биде објавено на почетокот на оваа недела.

Обелоденувањето на веста било одложено заради насилните протести во Шарлотсвил, Вирџинија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG