Линкови за пристапност

Бела куќа: Трамп е бесен по изјавите на Бенон


Портпаролката Сара Хакаби Сандерс ја сумираше реакцијата на Трамп, по изјавите на поранешниот претседателски стратег, објавени во нова книга

Белата куќа го нападна поранешниот главен стратег на претседателот Доналд Трамп, Стив Бенон, кој е цитиран како вели дека состаноците на најстариот син на Трамп со руски претставници за време на изборите во САД во 2016-та година, се „предавнички“ и „непатриотски“.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс кажа дека се работи за „срамни и неточни напади кон претседателот, неговата администрација и семејство.

Трамп додаде дека Бенон нема никаква врска со него и неговото претседателство, нагласувајќи дека кога тој бил отпуштен од работа, покрај работното место, го изгубил и умот.

Белата куќа, воедно се обиде да го дискредитира авторот на книгата „Оган и бес“, Мајкл Волф, велејќи дека напишал „неточни изјави на лица, кои немаат никаков пристап, ниту влијание во Белата куќа“.

Сандерс, сепак, потврди дека на авторот му било дозволено да има низа контакти во Белата куќа, откако Трамп станал претседател.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG