Линкови за пристапност

Трамп забрани пристап во Белата куќа на авторот на книгата против него


Претседателот изјави дека дозволува „нула пристап за авторот на новата книга, полна со лаги, погрешни интерпретации и извори кои не постојат“

Претседателот на САД Доналд Трамп, одби да му дозволи пристап во Белата куќа на Мајкл Волф, автор на новата книга „Оган и гнев“, што беше објавена денеска, а во која се објавени негативни коментари на неговиот поранешен стратег Стив Бенон.

Трамп, вчера на Твитер напиша: „Дозволувам нула пристап во Белата куќа на авторот на лажната книга, за која јас никогаш не зборував со него. Полна со лаги, погрешни интерпретации и извори кои не постојат. Погледнете го неговото минато и на хаотичниот Стив“.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс, вчера втор ден, одговараше на новинарски прашања за новата книга.

„Повеќето луѓе во САД најверојатно воопшто не им е грижа за книга полна со лаги“, рече Сандерс, која ја окарактеризираше книгата како „ѓубре“ и нешто што „отпуштен работник сакал да го пропагира“.

Бенон опширно е цитиран од Волф во кингата од 336 страници.

Адвокатот на претседателот Чарлс Хардер сакаше да го блокира објавувањето на книгата, но, иако првично беше закажано таа да се публикува во вторник, авторот одлучи да ја пушти во продажба денес - четири дена порано.

Адвокатот и неговиот правен тим истражуваат бројни, погрешни и неосновани изјави за Трамп објавени во книгата, за која Волф рече дека направил повеќе од 200 интервјуа за време на изборната претседателска кампања, како и по изборот на Трамп за претседател.

Хардер, исто така, испрати писмо до Бенон, со кое побара од него веднаш да престане да дава навредувачки забелешки за Трамп и неговото семејство.

Трамп, пак, вчера рече: „Бенон ме нарече одличен човек вчера, така што очигледно брзо го променил неговиот тон“.

Белата куќа изјави дека Трамп не се обидува да спречи чие било уставно право на слободно изразување, преку легални закани.

Во најконтроверзниот дел од кингата, Бенон е цитиран како вели дека верува оти е „предавнички“ и „непатриотски“ што најстариот син на претседателот, заедно со неговиот зет Џеред Кушнер, кој сега е советник во Белата куќа, се сретнале со руски претставници за време на претседателската кампања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG