Линкови за пристапност

Поранешниот стратег во Белата куќа на сослушување во Конгресот


Стив Бенон, поранешниот главен стратег во Белата куќа, денеска беше испрашуван од законодавците во Конгресот, во рамки на истрагата за руското мешање на претседателските избори во 2016-та година.

Бенон беше клучен помошник во кампањата на претседателот на САД Доналд Трамп, а потоа, пред да биде отпуштен, седум месеци работеше како главен советник во Белата куќа. Тој денеска зад затворени врати сведочеше пред Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом, каде се води една од неколкуте тековни истраги за врските на кампањата на Трамп со Русија.

Во меѓувреме, весникот „Њујорк тајмс" објави дека специјалниот советник Роберт Мулер минатата недела на Бенон му испратил покана за да сведочи пред големата порота, одговорна за истрагата за кампањата на Трамп.

Бенон продолжи да ја потврдува својата поддршка за Трамп, но неговите односи со претседателот се влошија откако во книгата на Мајкл Волф, „Оган и бес“, беше цитиран како ја критикува кампањата и првите месеци додека бил во Белата куќа.

Се смета дека Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом денеска се фокусира на состанокот во јуни 2016 година, организиран од синот на претседателот, кој на истражителите им кажал дека рускиот адвокат не дал штетни информации за Клинтон. Истражителите воедно ја следат и улогата на тогашниот кандидат, Трамп во креирање на погрешната изјава за целта на тој состанок, објаснување, што брзо потоа падна во вода.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG