Линкови за пристапност

Банон не е веќе на чело на конзервативната мрежа Брајтбарт


Оставката дојде откако фирмата му изгласа недоверба по објавувањето на книгата „Оган и бес“

Поранешниот стратег на Белата куќа Стив Банон, повеќе не е водечки лидер на политичко-конзервативната веб-страница Breitbart News Network.

Тој поднесе оставка по реакциите на неговите забелешки за претседателот Трамп и неговото семејство, пренесени на авторот Мајкл Волф во неговата најнова книга „Оган и бес“.

Волф напиша состанокот во кој учествувале синот на претседателот Доналд Трамп, неговиот зет Џаред Кушнер и руски државјани во 2016-та година, Банон го нарекол „предавнички“ и „непатриотски“.

Во Конресот и спецјален тим предводен од Роберт Мулер, се води истрага за наводното мешање на Русија во претседателските избори, тврдења што ги негираат и Трамп и Кремљ.

Претседателот и неговиот персонал, Банон го нарекоа срамен и нелојален.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG