Линкови за пристапност

Нова банкнота од 100 долари


Официјални лица велат дека целта на новиот дизајн е спречување на софистицирано фалсификување.

САД во вторник претставија нова банкнота од 100 долари, што ќе покаже знаци на долгата традиција, но исто така ќе има и нови маркери во обид да се оневозможат фалсификувања.

Како и досегашната банкнота од 100 долари, новата верзија ќе има лик што личи на Бенџамин Франклин, лидерот на американската револуција од пред повеќе од два века.

Но исто така ќе има и вертикална сина безбедносна врпца што покажува „100“ и мали слики на исконското Ѕвоно на слободата во потемно сина боја.

Веднаш до портретот на Франклин има беж перо и мастило во бронзена боја на кое е нацртано Ѕвоното на слобода. Бојата на ѕвоното се менува зависно од тоа под кој агол се држи банкнотата.

Владини претставници велат дека новата банкнота е дизајнирана пред се` да се спречи софистицирано фалсификување, иако постарите банкноти остануваат во оптек.

Банкнотата од 100 долари е најглобална банкнота што САД ја печатат, со една половина до две третини од повеќе од 8 милијарди во циркулација надвор од САД.
XS
SM
MD
LG