Линкови за пристапност

Обама избра универзитетски претседател за Светската банка


Џим Јонг Ким е со корејско потекло и е претседател на колеџот Дартмаут, престижен универзитет во Њу Хемпшир.

Американски официјални лица велат дека претседателот Барак Обама го номинира Џим Јонг Ким, претседател на Дартмаут колеџот, со корејско потекло, за раководител на Светската банка.

Педесет и двегодишниот Ким е изненадувачки избор од САД за пополнување на највисоката функција во меѓународната финансиска институција. Американец секогаш го држел ова место, но земјите во развој велат дека се заинтересирани ова место да отиде кај кандидат што не е од САД.

Доколку биде потврден од бордот на Светската банка, Ким ќе го замени Роберт Зелик, кој неодамна соопшти дека си дава оставка што влегува во сила на крајот на јуни.

Ким е лекар по образование и антрополог, и е проминентна фигура во глобалните здравствени кругови. Тој беше лидер во борбата против ширењето на СИДА и туберкулоза.

Тој е претседател на Дартмаут колеџот, престижен универзитет во североисточната држава Њу Хемпшир, од јули 2009.

Светската банка со 187-држави, од кои САД се најголем поддржувач, се фокусира на борба против сиромаштијата и промоција на развојот. Агенцијата со седиште во Вашингтон дава заеми на држави кои сакаат да ја развијат својата инфраструктура со нови брани, патишта и други проекти.

XS
SM
MD
LG