Премиерката на Бангладеш Шеик Хасина, учествуваше на комеморацијата за 20-те цивили и двајцата полицајци, жртви на заложничката драма во ресторан во Дака.
Меѓу загинатите имало државјани на Индија, Јапонија и САД.
Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад, но во моментов нема потврда за директна поврзаност со милитантната група, а владините претставници порекнуваат дека вмешаност на ИД.
Министерот за домашна безбедност Асадузаман Кан, кажа дека седуммина напаѓачи, од кои шест биле убиени, немале апсолутно никаква поврзаност со ИД, додавајќи дека џихадистите биле членови на домашна милитантна група – Џуматул Муџахедин Бангладеш – којашто е забранета во земјата преку една деценија.
Државниот секретар Џон Кери во телефонски разговор со премиерката Хасина во името на американскиот народ изрази сочувство за жртвите, ја поддржа истрагата и понуди помош.