Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун го поттикнува ирачкиот премиер Нури ал-Малики да одржи дијалог и да има поотворен пристап за неговата влада, среде напливот на насилство од сунитските исламистички милитанти кои презедоа контрола во неколку ирачки градови.
Бан зборуваше со новинарите во вторник во Женева додека милитанти од Исламската држава Ирак и Левант поврзани со ал-Каида се закануваат со напад на главниот град на Ирак, Багдад.
САД отфрлија испраќање на секакви борбени трупи во Ирак, но претседателот Барак Обама нареди воен персонал кој брои 275 да помогне во обезбедување на амбасадaта на државата во Багдад.
Претседателот исто така размислува за други опции да му помогне на Ирак, вклучувајќи можни воздушни напади против милитанти.
САД разгледуваат и соработка со Иран. Но Пентагон вели дека нема планови да влезе во армискка соработка со Иранците во каква било акција во Ирак.