Креаторот и актерите на криминалната тв-драма за Балтимор, The Wire се огласија со повици против насилството во градот.
„Лутината, себичноста и бруталноста на оние кои се повикуваат на правото на насилство во името на Фреди Греј, треба да прекинат“, смета креаторот на тв-шоуто, Дејвид Сајмон.
Дваесет и пет годишниот Греј порано месецов им подлегна на сериозните повреди на `рбетниот столб додека бил во полициска надлежност. Не е познато како се повредил, но официјални лица велат дека не носел појас, додека бил транспортиран во полициско комбе. На видео-снимка од неговото апсење, може да се слушне глас на жена, која вика дека ногата на Греј изгледа скршена, додека тој бил влечен до возилото. На видеото можат да се слушнат и извиците на Греј.
The Wire се емитуваше од 2002-ра до 2008-ма, а фокусот е вистинската борба на балтиморската полиција против дрогата и криминалот, не занемарувајќи и ја корупцијата во своите редови. Шоуто го презедоа и други земји, меѓу кои и Британија. Дури и претседателот Барак Обама е љубител, нарекувајќи ја една од најдобрите тв-серии на сите времиња.
Актерот Андре Ројо, кој во серијата игра зависник од дрога, синоќа преку Твитер, порача:
„До мојот град Балтимор: Ја чувствувам твојата болка. Стани, издигни се, без да се скршиш! Дисциплина, а не деструкција, победа, а не жртви“.
„Не треба да повредите некого, за да станете некој и нешто“, додаде Ројо во друга порака, исто така преку Твитер.
Вендел Пирс, кој во серијата игра детектив, исто така го изрази своето незадоволство.
„Балтимор. Ова не се демонстранти. Ова се криминалци коишто не ги почитуваат желбите на семејствата и луѓето со добра волја“, порача тој.
Дејвид Сајмон заклучи: „Доколку не можете да барате обнова и реформи, без да држите камен во раката, тогаш ризикувате да го загубите моментот за сите нас во Балтимор. Завртете се. Одите дома. Ве молам“.