Еден од шестемина полицајци обвинети за убиството на Фреди Греј, тврди дека ножот во сопственост на Греј бил добиен на нелегален начин и затоа бил уапсен.
Адвокатите на полицаецот Едвард Неро поднесоа тужба во судот во Балтимор, со барање да им се достави ножот и да се верификува статусот.
Фреди Греј почина на 12-ти април, од повреди здобиени на `рбетниот столб во полициско комбе, откако бил бркан, а потоа уапсен од полицијата заради нелегално поседување на нож. Адвокатите сепак тврдат дека Неро нашол само џебен нож, што е дозволиво да се носи.
Во средата, градоначалничката на Балтимор од Одделот за правда побара да спроведе истрага дали градската полиција употребува прекумерна сила и ги прекршува правата на осомничените за криминал.