Линкови за пристапност

Трамп домаќин на Балтички самит во Вашингтон


На него ќе присувствуваат лидерите на Естонија, Латвија и Литванија, а се случува на 100-годишнината од независноста на овие држави

Претседателот на САД Доналд Трамп, ќе биде домаќин на Балтичкиот самит, на кој ќе учествуваат лидерите на Естонија, Латвија и Литванија. Нстанот е закажан за 3-ти април во Белата куќа.

Според заменик-портпаролот Раџ Шах, Трамп и тројцата шефови на држави ќе ја прослават 100-годишнината од независноста на Естонија, Латвија и Литванија, а на агендата ќе бидат деловните, трговските, енергетските и културните партнерства, како и прашањето за зајакнување на безбедноста на овие земји, додаде Шах.

„Сметам дека изминатите три-четири години, заедница на демократски нации, е изложена на напад“, кажа латвискиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевикс, во изјава за Руската редакција на Гласот на Америка, во врска со вмешувањето на Русија.

„Нападната е самата основа на нашите демократски институции - преку социјалните медиуми, со помош на лажни вести и преку влијанието на парите. Мошне е важно да се држиме заедно“, рече тој.

Овие балтичките земји на претстојниот самит имаат за цел да ја зајакнат токму оваа порака. Како што нагласи латвискиот шеф на дипломатијата, се чини дека е соодветно 100-те години независност на Балтикот, да се обележат во Вашингтон.

„Важно е што ја славиме 100-годишнината од нашиот суверенитет, нашата независност, заедно со нашите литвански и естонски пријатели, бидејќи улогата на САД, била, и се` уште е многу значајна“, подвлече Ринкевикс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG