Линкови за пристапност

Балканот се` уште има безбедносни предизвици


Балканот се` уште има безбедносни предизвици
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Балканот се` уште има безбедносни предизвици

Според експерти заканите доаѓаат од Исламската држава и се поголемите обиди за влијание на Русија

Значително е намален бројот на лица од државите на Западен Балкан кои одат да се борат за Исламска држава во Сирија и Ирак. Состојбата е многу подобра отколку пред две и повеќе години, велат експерти по безбедност за Гласот на Америка. Само во Босна и Херцеговина од која имаше најголем број на џихадисти од регионот, вкупно 400, во последните две години не бил забележан ниту еден кој заминал на тамошните боишта, вели професорот по безбедност од Сараево, Јасмин Ахич:

„Она што е карактеристично за целиот балкански регион е затворањето на т.н. регрутен пат кој водеше преку Турција, а кој беше основен пат за регрутација и заминување за државјани од регионот во Сирија и Ирак. Кога Турција влезе директно во вооружен конфликт со тамошните терористички организации имаше многу малку обиди за заминување“.

Ахич додава дека оние кои се вратиле од таму сведочеле дека не се бореле за некаква идеолошка матрица и оти тоа била една од причините зошто нема мотивација кај младите повторно да одат таму.

Некои пак велат дека загрижувачки е и присуство на жени од Балканот во редовите на Исламска држава, иако засега нема точни податоци за нивниот број.

„Постојат и голем број на жени во овој регион кои регрутираат други жени. По пат на интернет и лични пријателства. Само од Србија тој број во 2015 година е седум жени кои се наоѓаат во Сирија и Ирак. Има повеќе мотивациски фактори, како на пример идеолошките причини дека џихадот не е само работа на мажите.“ вели Милица Чурчич- истражувач на тема жени терористи од Белград.

Земјите од Балканот сепак треба да бидат претпазливи од обидите за нови форми на регрутација и ширење на радикални идеологии. Но колку што Исламската држава е закана за Балканот толку опасност е и се уште присутниот обид на Русија за свое влијание на овие простори, вели Зоран Драгишич -универзитетски професор од Белград:

„Во овој момент проблем на Балканот особено во Црна Гора и Македонија е обидот на Русија да се врати како голема сила. Таа ре-сталиниазиција и ре-советизација на Русија претставува многу сериозен проблем, ако имаме во предвид дека балканските земји имаат евроатланската агенда. Го гледаме влијанието на Русија особено сега кога на Македонија и се отвораат вратите кон НАТО. Ако на тоа го додадеме влијанието и на исламскиот фактор и терористичките групи тогаш е јасно дека тие влијанија од страна се многу големи“.

Марина Митревска од Институт за мир и безбедност Скопје смета дека „Македонија секој ден може да се соочи со нови безбедносни закани. Треба интензивна работа на Агенцијата на разузнавање која ги следи надворешните закани но треба да се активираат и институциите кои работат на делот на превенција“.

Гласот на Америка со своите соговорници разговараше на маргините на меѓународната конференција „Балканот помеѓу Западот и Истокот стари и нови безбедносни предизвици“ која се одржуваше во Охрид.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG