Линкови за пристапност

Србија, Косово и Грција очекуваат да продолжат инвестициите преку американската агенција формирана за време на Трамп


Балканските дипломати велат дека целиот регион е едногласен во поддршката на работата на оваа корпорација, и нејзината улога со конкретни проекти во регионот

Дипломати од Србија, Косово и Грција, во изјава за Глас на Америка, велат дека се надеваат на одржлив американски интерес и инвестиции на Балканот.

Банката за развој на Америка вели дека работи со Стејт департментот и Конгресот на целокупната стратегија на Американската меѓународна финансиска корпорација за развој, која беше формирана за време на поранешниот претседател Доналд Трамп.

„Американската меѓународна финансиска корпорација за развој e силно фокусиранa на нашиот ангажман. Нашите стручни службеници за финансии во Вашингтон ќе продолжат да ја продлабочуваат соработката со амбасадите и нашите партнери во регионот за да идентификуваат нови можности за инвестирање на Балканот и Егејот“, изјави Дејвид Марчик, главен оперативен директор на Американската меѓународна финансиска корпорација за развој.

Корпорацијата има задача да го олесни капиталот од приватниот сектор и вештините за развој на помалку богатите земји, а има и важна улога во помагањето во унапредување на надворешната политика на САД, спротивставувајќи се на растечкото влијание на авторитарните режими.

Набљудувачите велат дека дека новоформираната агенција може да ѝ помогне на Америка во проверка на кинеските инвестиции и влијанието на Кина во странство, бидејќи ги зголемува американските комерцијални и стратешки интереси ширум светот.

Во септември 2020 година, оваа корпорација ја основа својата прва регионална канцеларија во Белград.

Американски официјални лица отпатуваа за Србија, Косово и Грција за да разговараат за начините на соработка преку корпорацијата.

Промената на власта во Вашингтон неколку месеци подоцна се појави како резултат на одредена несигурност во главните градови на Балканот и Егејот во врска со судбината на проектите за кои се разговарало, како и целокупната насока на поддршката на Американската влада за инвестиции во регионот.

„ Американската меѓународна финансиска корпорација за развој е посветена на поддршка на инвестициите во приватниот сектор во Србија, Косово и поширокиот регион. Ние сакаме да ги продолжиме обновените договори за стимулирање на инвестициите со Косово и Србија, на која остануваме посветени, и го продолжуваме нашиот зголемен фокус што започна минатата година со воспоставување на регионално присуство на корпорацијата, со седиште во Амбасадата на САД во Белград“, рече Марчик.

Нарекувајќи го овој регион „клучен приоритет“, Марчик рече дека продолжува „тесната соработка со американските амбасади на Балканот и Егејот, и особено со Амбасадата во Белград, додека работиме со Стејт департментот и Конгресот за целокупната стратегија и ресурси за нашето присуство во странство“.

Тој додаде дека работат да „ помогнеме да одговориме на влијанијата на ковид-19 на Балканот и Егејот, со фокус на градење на критична инфраструктура за поддршка на економскиот раст, проширување на пристапот до обновлива енергија, технологија и здравствена заштита и унапредување на финансиското вклучување, особено за мали бизниси и жени претприемачи“.

Во однос на Грција, пак, корпорацијата е „многу важна геоекономска и геостратешка алатка во поширок регион што ги вклучува Балканот и Источниот Медитеран“.

„Може да се покаже многу ефикасна во промовирање на клучни инфраструктурни проекти, вклучително и во однос на енергетската безбедност, обновливите извори и чиста енергија“, рече за Гласот на Америка, Никос Пападопулос, раководител на Одделот за јавна дипломатија на Грчката амбасада во Вашингтон.

Валдет Садику, кој пристигна пред месец и половина да ја предводи Косовската дипломатска мисија во Вашингтон, изјави дека неговата земја со нетрпение очекува проширување на врските со Америка.

„На секој можен начин. За нас, тоа е приоритет“, изјави Садику за Гласот на Америка.

Балканските дипломати велат дека целиот регион е едногласен во поддршката на работата на оваа корпорација, и нејзината улога со конкретни проекти во регионот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG