Индонезиските власти издадоа предупредување од највисоко ниво заради можност од ерупција на вулканот Маунт Агунг, кој се наоѓа на туристичкиот остров Бали.
Наредена е евакуација за околу 100.000 лица кои живеат на 10 километри од планината.
Во меѓувреме, раководителот на националната геолошка агенција, кажа дека и покрај застрашувачките прикази, не очекува голема ерупција.
Сепак, од безбедносни причини денеска аеродромот на островот е затворен за сообраќај, откажани се 445 летови и попречено е патувањето за 59.000 лица.
Вулканот почна да дава знаци на ерупција уште во вторникот.
Последен пат Моунт Агунг беше активиран во 1963-та година, при што загинаа преку 1.000 лица.
Facebook Forum