Безбедносните сили употребиле солзавец, распрскувачки гранати и гумени куршуми при упадот на Плоштадот Перл пред зори, напаѓајќи ги главно шиитските протестанти - вклучувајќи жени и деца – кои ја окупирале областа од вторникот наваму. Многу повредени луѓе се пренесени во локални болници.
Опозиционите политичари го осудија упадот.
Вооружени патроли и тенкови се појавиле на улиците рано во четврток додека полицијата работела на расчистување на шаторите оставени на плоштадот. Областа била речиси празна ако се изземат неколку лица кои биле испрашувани од полицајци.
Безбедносните сили се држеле настрана во средата додека илјадници Бахраинци се собирале на про-демократски протести.
Шиитските опозициони лидери објавиле уверување во средата дека не се заинтересирани за трансформирање на монархијата во теократија во ирански стил.
Новинските извештаи велат дека комисија од седум опозициони групи планира големи демонстрации за сабота.