Линкови за пристапност

САД го осудуваат ослободувањето на авганистанските затвореници


Командата на американската армија во Авганистан кажа дека 37-те ослободени лица се „легитимни закани за безбедноста“.

Седиштето на американската армија во Авганистан ја осуди одлуката за ослободување на 37 приведени лица за кои вели дека се „легитимни закани за безбедноста“.

Соопштението од понеделникот од американските сили во Авганистан ослободувањето го опишува како „голем чекор назад“ во развивањето на принципот на владеење на правото во Авганистан.

Затворениците се дел од група од 88 лица кои се држат во затвор во воздухопловната база Баграм со која управуваат САД.

Претседателот Хамид Карзаи нареди ревизија на нивните случаи, и порано месецов неговиот кабинет кажа дека сите освен 16 ќе бидат ослободени зашто немало доволно докази за мнозинството да се изведе пред суд. Во саботата тој го нарече објектот во Баграм „фабрика за производство на Талибанци“.

Американското армиско соопштение вели дека има силни докази за гонење или натамошна истрага на 37-те затворнеици кои се ослободени.
XS
SM
MD
LG