Кога ќе се конзумира во поголеми количини, научниците велат дека витаминот Б3 го подобрува имунолошкиот систем, дури и може да ја уништи смртоносната бактерија стафилокока – отпорна на метицилин, или како што уште се вика МРСА.
Експертите велат дека годишно од оваа бактерија умираат повеќе Американци отколку од СИДА-та. Само во 2005-та година од стафилокока биле регистрирани преку 18.000 смртни случаи. Минатата година од СИДА починале околу 16.000 лица.
Џорџ Лу е лекар од Медицинскиот центар Седарс-Синаи во Лос Анџелес. Тој и неговиот тим откриле дека големи дози на Б3 го стимулираат генот инволвиран во производство на специјални клетки во имунолошкиот систем наречени неутрофили. Овие клетки ги уништуваат и чистат штетните бактерии и ја зголемуваат реакцијата на имунолошкиот систем во присуство на бактеријата стафилокока од 100 до 1.000 проценти.
Лу предупредува дека мегадоза на Б3, научно познат како никотинамид, не ги убива директно патогените. Тие влијаат на белите клетки во нашето тело и ги прават помоќни, така што можат да убијат клетки на МРСА. Тој вели дека луѓето не треба да го поттикнуваат нивниот имунолошки систем со евтини, лесно достапни витамини. Ова од причини што во овој момент не постојат многу информации за нивото на дозата и дека доколку се земат во прекумерни количини, не се познати можните нуспојави.
„Затоа мора да предупредиме дека ова мора да се изведе мошне внимателно“, вели овој експерт.
Истражувањето е направено на глувци и на примероци на човечка крв.