Линкови за пристапност

Бајден во понеделник ќе наполни 81 година


ВАШИНГТОН (АП) Американскиот претседател Џо Бајден, кој се подготвува за уште една претседателска трка, во понеделник (20 ноември) полни 81 година.

Во текот на изминатите неколку години, Бајден се обиде да ги увери демократските гласачи кои се сомневаат дали тој треба повторно да се кандидира за претседател.

Возраста на претседателот, како и неколку многу падови во јавноста - вклучително и оној на бината пред Академијата на воздухопловните сили претходно оваа година, предизвикаа загриженост за неговото здравје.

Веќе најстариот претседател во американската историја, Бајден би имал 86 години доколку отслужи втор мандат.

Извор: Асошиетед Прес

XS
SM
MD
LG